Нов Завет

Марко 1:10-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

10. Во моментот кога Исус излегуваше од водата, Јован виде како се отвори небото и Светиот Дух во облик на гулаб слезе врз Исус.

11. Се чу и глас од небото: „Ти си Мојот сакан Син; со Тебе Сум наполно задоволен!“

12. Веднаш по ова, Божјиот Дух Го одведе Исуса во пустината.

13. Таму Тој остана четириесет дена и Сатаната Го искушуваше. Исус живееше сред диви животни, но ангелите се грижеа за Него.

14. Подоцна, кога владетелот Ирод Антипа го затвори Јована Крстител, Исус отиде во Галилеја за да ја проповеда Божјата Радосна вест.

Прочитајте целосна глава Марко 1