Нов Завет

Јован 12:34-49 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

34. Народот, пак, Му возврати: „Ние сме слушнале од Светото Писмо дека Месијата ќе остане вечно. Зошто Ти велиш дека Синот Човечки треба да умре и да биде подигнат над земјата? Кој е Тој Син Човечки?“

35. „Светлината ќе биде меѓу вас уште малку време“ - им рече Исус. „Дојдете кај Светлината, додека ја имате, за да не ве зафати слепо талкање во темнина.

36. Верувајте во Светлината, додека ја имате меѓу вас, за да станете деца на Светлината.“ Исус го изговори ова, па си замина и се скри од нив.

37. Иако Исус направи толку големи чуда пред Евреите, најголемиот дел од нив, сепак не поверуваа во Него,

38. за да се исполни пророштвото изречено од пророкот Исаија: „Господе, кој и поверува на нашата порака? На кого да му се објави спасоносната сила Господова?“

39. Тие не можеа да поверуваат, зашто Исаија го рекол и следното:

40. „Бог им ги ослепе очите и им го закорави умот на овие луѓе, за да не гледаат со очите, и да не разберат со умот, та да се обратат и Јас да ги излекувам.“

41. Исаија го кажа ова затоа што ја виде Христовата слава и зборуваше за Него.

42. Па, иако многумина од старешините поверуваа во Исус, сепак, поради фарисеите криеја, за да не бидат исклучени од синагогата.

43. Тие повеќе сакаа да добијат пофалба од луѓето, отколку од Бог.

44. Тогаш Исус гласно извика: „Секој што верува во Мене, истовремено верува и во Оној што Ме испрати!

45. Секој што Ме гледа Мене, Го гледа Оној што Ме испрати.

46. Јас дојдов за да бидам светлина на овој свет. Кој верува во Мене, нема да живее во мрак.

47. Јас нема да им судам на оние што ги слушаат Моите зборови, а не ги исполнуваат, зашто Јас дојдов да го спасам светот, а не да му судам.

48. За оние што Ме отфрлаат и не ги примаат Моите зборови постои Судија: учењето што го објавив ќе им суди на Судниот Ден.

49. Јас не зборувам од самоволие, туку го кажувам и го објавувам она што ми го кажа Таткото Кој Ме испрати.

Прочитајте целосна глава Јован 12