Нов Завет

Јован 12:26-36 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

26. Кој сака да Ми служи, тој мора да Ми се придружи, зашто и Мојот слуга треба да биде таму каде што сум Јас. А секој што Мене Ми служи, ќе биде почитуван од Мојот небесен Татко.“

27. „Сега душата Ми е длабоко потресена, но што да кажам? Зар да се молам: ,Татко, поштеди Ме од ова што Ме очекува?‘ Па токму за таа цел дојдов на овој свет!

28. Татко, прослави го Своето име!“ Тогаш се чу глас од небото: „Веќе Го прославив и одново ќе го прославам!“

29. Многубројниот народ што стоеше и го слушна гласот, велеше: „Загрме!“ Други велеа: „Ангел Му проговори!“

30. Исус им одговори: „Овој глас не се јави заради Мене, туку заради вас.

31. Сега е време за суд над овој свет. Владетелот на овој свет сега ќе биде соборен.

32. А кога Јас ќе бидам подигнат над земјата - ќе ги привлечам сите кон Себе.“

33. Исус го рече ова за да објави со каква смрт ќе умре.

34. Народот, пак, Му возврати: „Ние сме слушнале од Светото Писмо дека Месијата ќе остане вечно. Зошто Ти велиш дека Синот Човечки треба да умре и да биде подигнат над земјата? Кој е Тој Син Човечки?“

35. „Светлината ќе биде меѓу вас уште малку време“ - им рече Исус. „Дојдете кај Светлината, додека ја имате, за да не ве зафати слепо талкање во темнина.

36. Верувајте во Светлината, додека ја имате меѓу вас, за да станете деца на Светлината.“ Исус го изговори ова, па си замина и се скри од нив.

Прочитајте целосна глава Јован 12