Нов Завет

Јаков 4:7-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Затоа, дозволете Бог да ве води. Противставете му се на Ѓаволот, па тој ќе побегне од вас!

8. Приближете се кон Бог и Тој ќе се приближи кон вас! Грешните луѓе нека си ги измијат рацете, лицемерните нека си ги пречистат срцата.

9. Нека жалат, нека тагуваат и нека плачат. Наместо да се смеат, нека тагуваат, наместо да се радуваат, нека жалат.

10. Бидете понизни пред Господ и Тој ќе ве воздигне!

11. Пријатели мои, не зборувајте лошо еден против друг! Кој зборува против својот пријател христијанин или го осудува, тој го напаѓа и осудува Божјиот Закон. А ваша задача е да го исполнувате Божјиот Закон, а не да го оценувате!

12. Само Бог е Законодавец и Судија. Само Тој може да спасува или да уништува. Со кое право ти му судиш на твојот ближен!?

13. Слушнете ме сега вие, кои велите: „Денес или утре ќе одиме во тој и тој град и таму една година ќе работиме, ќе тргуваме и ќе заработиме.“

14. Што знаете вие за утрешниот ден? Од каде знаете дали утре ќе бидете живи? Вашиот живот е како утринската магла: ќе се појави за кратко и набргу исчезнува.

15. Треба да велите: „Ако е Божја волја, ќе бидеме живи и ќе го правиме ова или она.“

16. Наместо тоа, вие самоуверено се фалите со вашите планови. Лошо е така да се фалите.

17. Греши секој што не прави добро, иако знае дека треба да го прави.

Прочитајте целосна глава Јаков 4