Нов Завет

Галатјаните 5:1-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Значи, ние сме слободни! Христос не ослободи. Држете се цврсто до таа слобода и не дозволувајте повторно да ви го стават јаремот на ропството, односно Мојсеевиот Закон.

2. Слушнете ме сега! Јас, Павле, ви тврдам дека ако се надевате преку обрежувањето да се спасите, тогаш Христос не може да ви помогне.

3. Уште еднаш ќе ви нагласам дека секој што ќе се обреже е должен да го спроведува целиот Мојсеев Закон.

4. Тие што се обидуваат да се помират со Бог преку придржување кон Мојсеевиот Закон, се одвојуваат од Христос и ја губат Неговата благонаклоност.

5. А ние, христијаните, со нетрпение очекуваме да бидеме оправдани, но преку Светиот Дух и преку вера.

6. За тој што верува во Исус Христос нема никакво значење дали е обрежан или не. Важно е да имате делотворна вера и таа да се искажува преку љубов.

7. Добро напредувавте. Кој ве спречи да продолжите да ја следите вистината?

8. Тоа сигурно не е Бог, зашто Тој ве избра.

9. Малку квасец треба за да скисне целото тесто!

Прочитајте целосна глава Галатјаните 5