Нов Завет

Ефесјаните 4:4-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Сите ние сме дел од едно исто тело, сите го имаме истиот Божји Дух, и кога бевте одбрани да бидете Божји народ, вам ви беше дадена една иста надеж.

5. Постои само еден Господ, само една вера, само едно крштавање.

6. Постои само еден Бог, Татко на сите. Тој е Господар над сите, дејствува преку сите и живее во сите.

7. Но Христос секого од нас го надарил со разновидна дарба, како што Тој милувал.

8. Затоа Светото Писмо вели: „Кога се вознесе во висините, зеде со Себе многу затвореници и им даде дарови на луѓето.“

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 4