1. Презвитерот – до возљубениот Гај, кого го љубам во вистината.
2. Возљубен, се молам да бидеш здрав и во сѐ да ти биде добро, како што ѝ е добро на душата твоја.
3. Многу се зарадував кога дојдоа браќата и посведочија за твојата вистина – односно како ти одиш во вистината.
4. За мене нема поголема радост од тоа – да слушнам дека моите чеда одат во вистината.
5. Возљубен, ти постапуваш верно во сѐ што го правиш за браќата и гостите.
6. Тие ја посведочија твојата љубов пред Црквата. Добро ќе направиш ако ги приготвиш пред Бога како што треба.
7. Бидејќи поради Неговото име тргнаа, не земајќи ништо од незнабошците.