Нов Завет

Филипјаните 4:1-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Затоа, мои мили и многу сакани пријатели христијани, по кои толку копнеам, радост моја, гордост моја, останете Му непоколебливо верни на Господ!

2. Еводија и Синтихија, ве молам обидете се да се усогласите во работата за Господ.

3. Те молам и тебе, мој верен соработнику, помогни им. Тие многу работеа со мене на ширењето на Радосната вест, заедно со Климент и со многу други мои соработници чии имиња се запишани во Божјата книга на живите.

4. Радувајте му се на вашето заедништво со Господ, постојано радувајте се!

5. Бидете внимателни спрема сите, луѓето по тоа да ве знаат. Господ брзо ќе дојде.

6. Немојте да се јадосувате за ништо, туку во сите ваши молитви барајте го од Бог она што ви е потребно и бидете благодарни за она што го добивате.

7. Ако правите така, тогаш Божјиот мир, кој е далеку над она што човек може да го разбере, ќе ги чува вашите срца и умови, поради вашата припадност на Исус Христос.

8. За крај, мои драги пријатели христијани, стремете се кон она што е вистинито, чесно и праведно; она што е невино, љубезно, на добар глас, вредно и ценето.

9. Применете го во практика она што го научивте и добивте од мене, било слушајќи ме што зборувам, било гледајќи ме како постапувам, па Бог, Кој е извор на мир, ќе биде со вас.

10. Господ ми даде голема радост што по толку долго време вие пак имавте можност да покажете дека се грижите за мене. Не дека престанавте да се грижите за мене, туку немавте можност да го покажете тоа.

11. Не го кажувам ова затоа што бев во беда. Се научив да бидам задоволен со тоа што го имам.

12. Знам како да живеам и во сиромаштија и во изобилие. Ја научив таа тајна, па сега секогаш и секаде сум задоволен, без разлика дали сум сит или гладен, дали имам многу или малку.

Прочитајте целосна глава Филипјаните 4