поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16

Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И јас, браќа, не можев да ви зборувам како на духовни, но како на телесни, како на младенци во Христа.

2. Со млеко ве напоив, не со тврда храна, зашто уште не можевте да ја поднесувате. А ни сега не можете,

3. зашто сте уште телесни. Не сте ли телесни и не живеете ли како обичните луѓе, штом меѓу вас има завист, спорови и поделба?

4. Не сте ли телесни, имено, кога еден зборува: „Јас сум Павлов”, а друг: „Јас сум Аполосов?”

5. Па што е Павле? Што е Аполос? Слуги преку кои вие поверувавте и тоа според она, колку кому Господ му дал.

6. Јас посадив, Аполос навади, но Бог прави да расте.

7. Затоа: ниту оној кој сади, е нешто; ниту оној кој навадува, туку Бог, Кој прави да расте.

8. А оној, кој сади и оној, кој вади - едно се, но секој ќе ја прими својата награда според својот труд.

9. Ние сме соработници на Бога, а вие сте Божја нива, Божја зграда.

10. Според Божјата благодат, која ми е дадена, јас, како мудар градител, ја поставив основата, а друг гради. Но секој да внимава како надградува.

11. Зашто, никој не може да постави друга основа, освен онаа што е поставена, која е Исус Христос.

12. И ако некој врз оваа основа ѕида злато, сребро, скапоцени камења, дрво, сено, слама,

13. сечие дело ќе излезе на видело; Денот ќе го покаже, зашто ќе се открие во оган; а огнот ќе покаже какво е чие дело.

14. Оној, кому ќе му остане тоа што го градел, ќе прими награда;

15. а оној чие дело ќе изгори, тој ќе претрпи загуба, но самиот ќе се спаси, но така, како низ оган.

16. Не знаете ли дека сте Божји храм и дека Божјиот Дух живее во вас?

17. Ако некој го разруши Божјиот храм, Бог ќе го разруши него, зашто Божјиот храм е свет, а тоа сте вие.

18. Никој нека не се измамува; ако некој меѓу вас мисли дека е мудар во овој свет, нека стане безумен, за да биде мудар,

19. зашто мудроста на овој свет е безумство пред Бога! Имено, напишано е: „Тој ги фаќа мудрите во нивното лукавство.”

20. И пак: „Господ знае дека мислите на мудрите се суетни.”

21. Затоа никој да не се фали со луѓето! Зашто сè е ваше:

22. било Павле, или Аполос, или Кифа, или светот, или животот, или смртта, или сегашноста, или иднината, сè е ваше,

23. а вие сте Христови, Христос е Божји.