поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16

Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 2 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И јас, кога дојдов при вас, браќа, не дојдов со висок говор или со мудрост, за да ви го проповедам Божјото сведоштво;

2. зашто решив да не знам меѓу вас ништо друго, освен Исуса Христа, и тоа Распнатиот.

3. И јас бев со вас во слабост, и во страв, и во многу трепет,

4. и моето слово и мојата проповед не се состоеја во убедливи зборови на мудроста, туку во докажување на Духот и силата,

5. та вашата вера да не биде основана на човечката мудрост, туку на Божјата сила.

6. Па сепак, ја говориме мудроста меѓу совршените; но не мудроста на овој свет ни на владетелите на овој свет, кои пропаѓаат,

7. туку ја навестуваме Божјата премудрост, во тајна, сокриена, која Бог, пред сите векови ја предопределил за наша слава;

8. која не ја запознал ниеден од владетелите на светов, зашто ако ја беа познале, немаше да Го распнат Господа на славата, -

9. туку, како што е напишано: „Што окото не виде, што увото не чу, што во човечкото срце не дојде, тоа Бог го приготви за оние, кои Го љубат.”

10. А Бог ни го откри тоа нам преку Духот, зашто Духот испитува сè, па дури и Божјите длабочини.

11. Зашто, кој од луѓето знае што е во човекот, освен човечкиот дух, кој е во него? Така никој не знае што има во Бога, освен Божјиот Дух.

12. А ние не го примивме духот на светов, туку Духот, Кој доаѓа од Бога, за да знаеме што Бог милостиво ни дарува.

13. Па и тоа не го зборуваме со зборови научени од човечката мудрост, туку со зборови научени од Духот Свети, споредувајќи ги духовните работи со духовното.

14. А душевниот човек не го прима она што е од Божјиот Дух, зашто тоа е безумство за него, и не може да сознае, зашто за тоа треба да расудува на духовен начин.

15. Духовниот човек пак испитува сè, а него никој не го испитува,

16. зашто: „Кој го познава Господовиот ум, за да го поучи?” А ние го имаме Христовиот ум.