поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16

Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А за собирањето милостини за светите, правете и вие како што им наредив на Галатските цркви.

2. Во секој прв ден, секој од вас, нека оддели и остави при себеси колку што може, за да не се врши собирањето кога ќе дојдам.

3. А кога ќе дојдам таму, ќе ги испратам, со писма, оние, кои вие ќе ги најдете за достојни, да го однесат дарот на вашата љубов во Ерусалим.

4. А ако биде прилично да одам и јас, тие ќе тргнат со мене.

5. При вас ќе дојдам, откако ќе ја поминам Македонија, зашто поминувам низ Македонија;

6. а при вас можеби ќе се задржам, па и да презимувам, за да ме испратите каде што одам.

7. Зашто не сакам да ве видам сега само на минување; но, се надевам да останам некое време при вас, ако Господ дозволи.

8. Во Ефес ќе останам до Педесетницата,

9. зашто ми се отвори за работа голема и делотворна врата, а противниците се многу.

10. Ако дојде Тимотеј, гледајте да биде без страв меѓу вас, зашто и тој го работи Господовото дело како и јас.

11. Затоа никој да не го презира! Испратете го во мир, да дојде при мене, зашто го чекаме со браќата.

12. Што се однесува за братот Аполос, многу го охрабрив да дојде при вас со браќата, но никако не сакаше да дојде сега; но ќе дојде кога ќе има прилика.

13. Бдејте! Стојте цврсто во верата, бидете мажествени, бидете силни!

14. Сè при вас да станува со љубов!

15. Уште, ве молам браќа, да знаете за Стефановиот дом, дека тој е ахајски првенец и дека тие се посветија да им служат на светите.

16. Покорувајте им се и вие на такви, и на секој што помага во делото и се труди!

17. Се радувам на доаѓањето на Стефана, Фортуната и Ахаика, зашто тие го надоместија вашето отсуство

18. и зашто го освежија и мојот и вашиот дух. Затоа признавајте ги таквите!

19. Ве поздравуваат азиските цркви. Ве поздравуваат многу во Господа Акила и Прискила со својата домашна црква.

20. Ве поздравуваат сите браќа! Поздравете се еден со друг со свет целив!

21. Поздравот е со мојата, Павлова рака.

22. Кој не Го љуби Господа да биде проклет! Мараната!

23. Благодатта на Господа Исуса да биде со вас.

24. И мојата љубов со сите вас во Христа Исуса. Амин!