поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16

Стар Завет

Нов Завет

1 Коринќаните 8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во однос на жртвите на идолите, знаеме дека сите ние имаме знаење. Но знаењето вообразува, а љубовта надѕидува.

2. Ако некој мисли дека знае нешто, тој уште не знае како треба да знае!

3. Но, ако некој Го љуби Бога, него Бог го познава.

4. И така, во однос јадењето на идолски жртви, знаеме дека идолот не е ништо во светот и дека нема друг Бог освен Единиот.

5. Зашто, ако и има таканаречени богови, било на небото, било на земјата, како што има многу богови и многу господари,

6. но, ние имаме еден Бог, Татко, од Кого е сè и за Кого сме ние, и еден Господ Исус Христос, преку Кого е сè, и преку Кого сме и ние.

7. Но, сите го немаат ова знаење. Имено, некои според својата досегашна навика на идолите - ја јадат храната како идолска жртва, и така се осквернува нивната слаба совест.

8. Меѓутоа јадењето не нè прави угодни на Бога: ниту губиме нешто, ако не јадеме; ниту добиваме нешто, ако јадеме.

9. Но внимавајте оваа ваша слобода да не им стане сопка на слабите!

10. Зашто ако некој те види тебе, кој имаш знаење, како седиш на трпеза во идолскиот храм, нема ли неговата совест, бидејќи е слаба, да биде поттикната да јаде од жртвуваното на идолите?

11. И заради твоето знаење загинува слабиот брат, за кого Христос умре.

12. Така, грешејќи против браќата и ранувајќи ја нивната слаба совест, грешите против Христа.

13. Затоа, ако јадењето го соблазнува мојот брат, нема воопшто да јадам месо довека, за да не го соблазнувам својот брат.