1. Напомнувај им да се покоруваат на началствата и властите, да бидат готови за секое добро дело,
2. никого да не хулат, да не се караат, туку да бидат мирни, и да покажуваат секаква кроткост кон сите луѓе.
3. Бидејќи и ние некогаш бевме неразумни, непокорни, заблудени, бевме робови на желби и на разни сладострастија, живеевме во злоба и завист, бевме одвратни, се мразевме еден со друг.
4. А кога се јави добротата и човекољубието на нашиот Спасител, Бог,
5. Тој нѐ спаси, но не според извршените од нас праведни дела, туку по Својата милост, преку бањата на преродување – и обновувањето од Светиот Дух,
6. Кого изобилно Го излеа на нас преку Исус Христос, нашиот Спасител,
7. та оправдани со Неговата благодат да станеме по надеж наследници на вечниот живот.
8. Верни се тие зборови; и јас сакам да го утврдуваш тоа, та оние што поверувале во Бога, да се трудат и да се грижат за добри дела: ова е полезно и добро за луѓето.
9. А од глупави распрашувања и родословија на племињата, од препирки и расправии, по однос на Законот, клони се, зашто се бесплодни и празни.