Нов Завет

Ефесјаните 5:19-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

19. Разговарајте меѓу себе со псалми и славословија и духовни песни, пеејќи и воспевајќи Го Господа во срцата ваши;

20. благодарејќи Му секогаш за сѐ на Бога и Отецот, во името на нашиот Гос­под Исус Христос;

21. покорувајте се еден на друг во стра­хо­почит Божји.

22. Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како на Господ,

23. зашто мажот е глава на жената, како што е и Христос глава на Црквата, и Тој е Спасител на телото.

24. Па, како што Црквата Му се покорува на Христос, така и жените да им се покоруваат на своите мажи во сѐ.

25. Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што Христос ја засака Црк­вата и се предаде Себе за неа,

26. за да ја освети, очистувајќи ја со водна бања преку словото;

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 5