Нов Завет

Ефесјаните 3:1-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Затоа сум јас, Павле, затвореник на Исус Христос за вас незнабошците.

2. Бидејќи ја чувте распределбата на благодатта Божја, која ми е дадена за вас,

3. односно дека преку откровение Бог ми ја соопшти тајната, како што и пого­ре ви напишав накратко.

4. Читајќи го тоа, можете да разберете како сум ја сфатил тајната на Христа,

5. која, на синовите човечки од по­ра­нешните поколенија не им беше објавена како што сега се откри на Неговите свети апстоли и пророци преку Светиот Дух,

6. за да бидат и незнабошците сонас­ледници, делови на едно тело, и соучес­ници на ветувањето Божјо во Христос Исус преку Евангелието,

7. на кое му станав слуга според дарот на благодатта Божја, дадена по дејство на Неговата сила.

8. Мене, најмалиот од сите светии, таа благодат ми се даде – да им го про­по­ве­дам на незнабошците неискажливото богатство Христово,

9. и да расветлам на сите во што се состои распределбата на тајната, криена од векови во Бога, Кој создаде сѐ преку Исус Христос,

10. та многуликата мудрост Божја да им се објави сега преку Црквата на на­чалствата и властите небесни,

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 3