Нов Завет

3 Јован 1:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Презвитерот – до возљубениот Гај, кого го љубам во вистината.

2. Возљубен, се молам да бидеш здрав и во сѐ да ти биде добро, како што ѝ е добро на душата твоја.

3. Многу се зарадував кога дојдоа бра­ќата и посведочија за твојата вистина – односно како ти одиш во вистината.

4. За мене нема поголема радост од тоа – да слушнам дека моите чеда одат во вистината.

5. Возљубен, ти постапуваш верно во сѐ што го правиш за браќата и гостите.

Прочитајте целосна глава 3 Јован 1