Нов Завет

2 Петар 2:9-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

9. значи Господ знае како да ги избавува побожните од искушенија, а непра­ведните да ги држи во маки за судниот ден;

10. а најмногу оние што се управуваат според телото во неговите гнасни похоти, кои ја презираат власта, дрски се, горди и не се плашат да хулат на власта,

11. но дури ни ангелите, кои се пос­наж­ни и посилни од нив, не изговараат за нив хула пред Господ.

12. А тие, како неразумни животни, созданија по инстинкт се фаќаат и се уништуваат, хулејќи го она што не го разбираат, во својата погибел ќе загинат,

13. добивајќи казна за вршење неправда. Тие секојдневниот живот во раскош го сметаат за уживање; тие се срам и грев, насладувајќи се со своите измами, додека јадат со вас;

14. имаат очи полни со прељубодејство и ненаситни се на грев, ги мамат не­ут­врдените души; имаат срце привикнато на лакомство: тие се чеда на проклетството!

15. Откако го оставија вистинскиот пат и се заблудија, тргнаа по стапките на Восоровиот син Валаам, кој засака пла­та за вршење неправда,

16. но беше изобличен за своето беззаконие: неразумното животно проговори со човечки глас и го запре безумството на пророкот.

17. Тие се безводни извори, облаци и магли од бура разнесувани; за нив е ре­зер­виран мракот на темнината засекогаш.

18. Зашто, говорејќи празни зборови, ги мамат на телесни похоти и не­чис­тотија оние кои тукушто се оттргнале од тие што живеат во заблуда.

19. Им ветуваат слобода кога тие са­ми­те се робови на развратот, зашто кога не­кој некого победува, тој и го поробува.

20. Зашто, ако ги избегнале световните скверности преку познанието на Господ и Спасителот наш Исус Христос, и пак се плеткаат во нив и бидуваат победени, тогаш за такви последното ќе им биде полошо од првото!

Прочитајте целосна глава 2 Петар 2