Нов Завет

1 Тимотеј 1:3-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

3. Како што на тргнување за Ма­ке­до­нија те молев да останеш во Ефес да им заповедаш на некои да не проповедаат друго учење,

4. и да не се занимаваат со басни и бес­крајни родословија, кои повеќе предизвикуваат расправии, отколку Божјо устројство во верата.

5. А целта на оваа заповед е: љубов од чисто срце, добра совест и нелицемерна вера.

6. Некои, откако не ги постигнаа тие работи, се оддадоа во празнословија,

7. и сакаат да бидат учители по За­ко­нот, но не разбираат ни што зборуваат, ниту што тврдат.

8. А ние знеме дека Законот е добар, ако некој законски го применува.

9. Знаејќи дека Законот не е установен за праведник, туку за беззаконици и не­по­корници, за нечестиви и за грешници, за неправедни и осквернители, за таткоубијци и мајкоубијци, за човекоубијци,

10. за блудници, за мажеложници, тр­говци со робје, клетвопрестапници, скотоложници, лажливци, и за сѐ друго, што е спротивно на здравата наука,

11. според славното Евангелие на бла­жениот Бог, кое ми е мене доверено.

12. Му благодарам на Христос Исус, нашиот Господ, Кој ми даде сили, заш­то сметаше дека заслужувам доверба, кога мене ме постави на служба,

13. мене, кој порано бев хулител, гонител и насилник; но ме помилува, би­деј­ќи тоа го правев без да знам, во неве­рие.

14. Но заедно со верата и љубовта во Христос Исус изобилуваше и благодатта на нашиот Господ.

15. Верен е тој збор и достоен е сосема да се прифати: Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците, меѓу кои сум прв јас.

16. Па затоа бев помилуван, за да ја покаже Исус Христос прво на мене сета долготрпеливост, како пример на оние кои ќе поверуваат во Него за живот вечен.

17. А на Царот на вековите, на Нерас­падливиот, Невидливиот, Единствен Премудар Бог – нека е чест и слава во сите векови. Амин!

Прочитајте целосна глава 1 Тимотеј 1