Нов Завет

Тит 1:8-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

8. Тие треба да бидат гостољубиви, да го сакаат доброто, да бидат разумни, правични, побожни луѓе што умеат да се контролираат.

9. Мора да се придржуваат до правилното учење. Така ќе можат да им помогнат и на други луѓе, проповедајќи им здраво учење, и ќе можат да ги изнесат на виделина грешките на оние што му се противставуваат на правилното учење.

10. Има многу противници, особено од Евреите, кои се занимаваат со бескорисни расправии и ги мамат луѓето.

11. На таквите треба да им се затнат устите. Со своето погрешно учење тие цели семејства заведуваат, поучувајќи ги на она што не треба, а се од лакомост за пари кои нечесно ги печалат.

12. Еден од нивните пророци, иако и самиот е од Крит, има кажано за нив: „Жителите на Крит се лажливци, зли ѕверови и мрзливи лапачи!“

13. Многу точно ги опишал! Сериозно да ги искараш, за да и се вратат на здравата вера,

Прочитајте целосна глава Тит 1