Нов Завет

Јаков 4:7-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Затоа, дозволете Бог да ве води. Противставете му се на Ѓаволот, па тој ќе побегне од вас!

8. Приближете се кон Бог и Тој ќе се приближи кон вас! Грешните луѓе нека си ги измијат рацете, лицемерните нека си ги пречистат срцата.

9. Нека жалат, нека тагуваат и нека плачат. Наместо да се смеат, нека тагуваат, наместо да се радуваат, нека жалат.

10. Бидете понизни пред Господ и Тој ќе ве воздигне!

11. Пријатели мои, не зборувајте лошо еден против друг! Кој зборува против својот пријател христијанин или го осудува, тој го напаѓа и осудува Божјиот Закон. А ваша задача е да го исполнувате Божјиот Закон, а не да го оценувате!

Прочитајте целосна глава Јаков 4