Нов Завет

Филимон 1:11-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

11. Порано тој беше бескорисен за тебе, но сега е многу корисен и за тебе и за мене.

12. Сега го испраќам кај тебе. За срце ми прирасна

13. и би сакал да го задржам кај себе, та во твое име да ми помага сега, кога сум во окови, затоа што ја проповедам Радосната вест,

14. но не сакав ништо да сторам без твоја согласност. Сакав да го сториш тоа од љубов, а не затоа што јас сум те принудил.

15. Можеби токму заради тоа тој за кратко беше одвоен од тебе, за потоа засекогаш да ти се врати,

Прочитајте целосна глава Филимон 1