Нов Завет

Филимон 1:1-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Од Павле, кој е в затвор затоа што проповеда за Исус Христос, и од братот по вера Тимотеј, до нашиот соработник, до нашиот сакан Филемон,

2. до сестра Апија, до нашиот соборец Архипус и до црквата што се собира во твојот дом.

3. Ви посакувам Бог, нашиот Татко, и Господ Исус Христос да ви бидат благонаклонети и да ви дадат мир.

4. Филемоне, секогаш кога ќе те спомнам во моите молитви, Му благодарам на Бог за тебе.

5. Слушам за твојата вера во Господ Исус и љубов спрема сите верни.

6. Се молам да имаш успех во споделувањето на верата со другите, па и тие да сфатат какви се благослови Христос ни даде.

7. Љубовта што ја имаш многу ме израдува и ме охрабри. Ги зарадува и срцата на сите Божји луѓе.

8. Христос ми дава смелост да ти заповедам што треба да сториш,

Прочитајте целосна глава Филимон 1