Нов Завет

Евреите 5:4-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Но никој не може да стане Првосвештеник само затоа што сака да има таква чест. Тој мора да биде повикан од Бога, како што беше повикан и Арон.

5. Така беше и со Христос. Тој не си ја додели Самиот на Себе честа да биде Првосвештеник, туку Бог Му рече: „Ти си Мојот Син, денес Јас станав Твој Татко!“

6. А на друго место Бог за Него вели: „Ти си вечен Свештеник, според редот на Мелхиседек!“

7. За време на Својот живот на Земјата Исус ги изнесуваше Своите молитви и молби низ гласен плач и низ солзи, упатени до Бог, Кој можеше да Го спаси од смрт. Молитвите Му беа услишани, заради почитта што Тој ја искажуваше спрема Бог.

8. Иако Исус беше Божји Син, сепак, преку лични страдања мораше да дознае што значи да се биде послушен.

9. На тој начин Исус стана совршен Првосвештеник и извор на вечно спасение за сите што Нему Му се послушни.

10. Затоа Бог Го одреди за Првосвештеник од редот на Мелхиседек.

11. Толку многу работи имаме да ви зборуваме за ова, но се чини дека вам слушањето тешко ви паѓа и затоа слабо разбирате.

Прочитајте целосна глава Евреите 5