Нов Завет

Ефесјаните 6:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Деца, бидете им послушни на своите родители бидејќи вие Му припаѓате на Господ. Тоа е примерно поведение.

2. Првата од Десетте заповеди што содржи и ветување гласи: „Почитувај ги своите татко и мајка.“

3. А ветувањето е: „за да ви биде добро и долго да поживеете на Земјата.“

4. Татковци, немојте да предизвикувате лутина кај вашите деца. Одгледувајте ги и воспитувајте ги во Господовото учење.

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 6