Нов Завет

Дела Ап. 19:17-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. За ова дознаа сите што живееја во Ефес, и Евреи и Грци, па ги фати страв и искажуваа голема почит спрема името на Господ Исус.

18. Мнозина од оние што поверуваа доаѓаа и се исповедаа, признавајќи ги своите грешни дела.

19. Дури и некои од оние што се занимавале со магии ги донесуваа своите книги за магии и пред сите ги запалуваа. Цената на запалените книги изнесуваше педесет илјади сребреници.

20. Така пораката за Господ брзо се ширеше и јакнеше.

21. По овие настани, поттикнат од Светиот Дух, Павле реши да ги посети Македонија и Ахаја, па да замине за Ерусалим. „А потоа,“ - рече тој - „ќе треба да го посетам и Рим.“

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 19