Нов Завет

2 Солунјаните 3:8-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

8. Лебот што го јадевме не беше подарок од вас, туку деноноќно напорно работевме, за да не му бидеме никому на товар.

9. Не дека ние не можевме да бараме храна од вас, туку сакавме вам да ви дадеме пример.

10. Уште кога бевме кај вас ви рековме: на оној што не сака да работи, не давајте му ни да јаде!

11. Слушаме дека некои меѓу вас денгубат, ништо не работат и само се плеткаат во тоа што не е нивна работа.

12. Заради нашиот Господ Исус Христос ги молиме тие луѓе и бараме од нив да се средат и да почнат да работат, та сами да се издржуваат.

13. А вам, драги пријатели, што не сте во таа група, никогаш нека не ви биде мачно да правите добри дела.

14. Посочете ги луѓето што не се придржуваат до упатствата што ви ги дадовме во ова писмо. Престанете да се дружите со нив, за да се посрамат.

15. Немојте да ги сметате за свои непријатели, туку советувајте ги како членови на вашето духовно семејство.

16. Господ нека биде секогаш со вас и нека ви дава мир во секакви околности, зашто Самиот Тој е извор на мирот.

17. Како и во сите мои писма, ве поздравувам со своерачен потпис: Павле.

18. Нашиот Господ Исус Христос нека ви биде благонаклонет на сите.

Прочитајте целосна глава 2 Солунјаните 3