Нов Завет

1 Тимотеј 1:7-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Сакаат да бидат учители на Мојсеевиот Закон, а не го разбираат ниту она што го зборуваат, ниту пак она што го тврдат со толкава самоувереност!

8. Ние знаеме дека, ако правилно се применуваат, законите се добри.

9. Но го знаеме и тоа дека законите не постојат за да ги контролираат праведните луѓе, туку да ги одвраќаат престапниците, бунтовниците, безбожниците и грешниците. Тие постојат заради луѓе на кои ништо не им е свето, луѓе што сквернават се што ќе стигнат, убијци што се во состојба да си ги убијат дури и сопствените родители!

10. Законите се напишани заради блудните луѓе, заради полово изопачените, трговците со робови, лажговците и оние што не си ги почитуваат заклетвите. Тие постојат заради сите оние што му се противставуваат на правилното учење

11. што произлегува од величествената Радосна вест која ми ја довери нашиот прекрасен Бог.

12. Благодарен сум Му на нашиот Господ Исус Христос, Кој сметаше дека може да има доверба во мене и ми даде сила да ја вршам оваа работа.

Прочитајте целосна глава 1 Тимотеј 1