Нов Завет

1 Петар 2:6-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. За ова во Светото Писмо Бог вели: „Еве, ќе поставам во Ерусалим Камен-темелник, одбран и скапоцен; кој ќе поверува во Него, никогаш нема да се разочара.“

7. Да, за вас што верувате: „Тој Камен што ѕидарите го отфрлија, стана Камен-темелник,“ скапоцен Камен. А за оние што Го отфрлија, истиот тој Камен е:

8. „Камен од кој ќе се сопнуваат, Карпа преку која ќе паѓаат.“ Тие се сопнуваат затоа што не ја слушаат и не ја веруваат Божјата порака. Затоа таква судбина им е определена.

9. Но вие сте одбрани луѓе, царско свештенство, свет народ, луѓе што Му припаѓаат на Бог. Вие сте избрани за да им ја покажете на луѓето Божјата добрина, зашто Тој ве изведе од темнината и ве воведе во Својата прекрасна светлина.

10. „Вие што порано не бевте сметани за народ, сега сте Божји народ; вие над кои немаше кој да се сожали, сега добивте милост од Бога.“

Прочитајте целосна глава 1 Петар 2