Нов Завет

1 Коринтјаните 1:11-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

11. Од семејството на Хлое ме известија дека меѓу вас, драги мои, има поделби.

12. Едни сте викале: „Јас сум Павлов!“ други: „Јас сум Аполосов!“, трети: „Јас сум Петров!“, четврти: „Јас сум Христов!“

13. Зар Христос се раздели? Павле ли беше распнат за вас? Во името на Павле ли бевте крстени?

14. Благодарен сум Му на Бог што, освен Крисп и Гај, јас не крстив ниту еден од вас,

15. за да не рече некој дека е крстен во мое име.

16. (Да, ги крстив и членовите на семејството на Стефан, а не се сеќавам дали сум крстил уште некој.)

17. Христос не ме испрати да крштавам, туку да ја проповедам Радосната вест, и тоа не со мудри говори, за да не се омаловажи силата на делото што го изврши Христос на крстот.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 1