Нов Завет

Колосјаните 1:7-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. како што и научивте од Епафрас, нашиот возљубен соработник, кој е верен служител Христов заради вас,

8. и кој нѐ извести за вашата љубов во Духот.

9. Затоа и ние, од оној ден кога го чув­ме тоа, непрестано се молиме и сакаме да се исполните со познание на Него­ва­та волја во секоја мудрост и духовно разбирање,

10. та да постапувате достојно за Бога, угодувајќи Му во сѐ, принесувајќи плод во секое добро дело и да растете во познанието на Бога,

11. укрепувајќи се со секаква сила пре­ку Неговата славна моќ за секаква тр­пеливост и великодушност со радост,

12. благодарејќи Му на Бога и Отецот, Кој нѐ направи способни да учествуваме во наследството на светиите во светлината,

13. нѐ избави од власта на темнината и нѐ воведе во царството на Својот воз­љу­бен Син,

14. во Кого имаме откуп преку крвта Негова и простување на гревовите.

15. Тој е слика на невидливиот Бог, првороден пред секое создание;

16. бидејќи преку Него е создадено сѐ што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти – сѐ е преку Него и за Него создадено.

17. Тој е пред сѐ, и сѐ во Него стои.

18. И Тој е глава на телото, односно на Црквата. Тој е почеток, првороден од мртвите, за да има првенство во сѐ.

19. Бидејќи во Него благоволи Отецот да ја насели сета полнота,

20. и преку Него да измири сѐ со Себе, или земно, или небесно, творејќи мир со крвта на Неговиот крст.

Прочитајте целосна глава Колосјаните 1