2. со надеж за вечниот живот, што пред вечни времиња го вети Бог, Кој не лаже,
3. во свое време го јави словото Свое преку пораката што ми ја довери мене по заповед на нашиот Спасител, Бог,
4. до Тит, моето вистинско чедо по заедничката вера. Благодат, милост и мир од Бог Отецот и од Господ Исус Христос, нашиот Спасител!
5. Затоа те оставив во Крит, за да го довршиш несвршеното и во сите градови да поставиш презвитери, како што ти бев порачал:
6. ако е некој непорочен, маж на една жена и има деца верни, што не се укорувани за блудство или непокорност.
7. Бидејќи епископот, како Божји распоредник, не треба да е порочен, ни гневлив, ни пијаница, ни тепач, ни лаком за гнасна печалба,
8. туку гостољубив, доброљубив, трезвен, справедлив, свет, воздржлив;