Нов Завет

Јуда 1:6-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. ангелите, пак, што не се покоруваа на своето началство, и го напуштија живеалиштето, ги стави во вечни окови, во мрак за суд на големиот ден.

7. Како што Содом и Гомора и околните градови, што блудствуваа, а на ист начин како и тие, одеа по друго тело, станаа пример со тоа што беа накажани со вечен оган.

8. Истото ќе се случи и со оние кои го осквернуваат телото, ја презираат власта и хулат на Славата.

9. А Архангел Михаил, кога се препираше со ѓаволот за Мојсеевото тело, не се осмели да изрече хулна пресуда, туку рече: „Господ да те спречи!“

10. А овие хулат на она што не го зна­ат, а во она што го знаат по природа ка­ко неразумно животно, во тоа се рас­па­ѓаат.

11. Тешко ним, зашто тргнаа по Ка­ино­виот пат, се фрлија во заблудата на Ва­лаам заради печалба и загинаа во бунтот Кореев.

12. Тоа се оние што ги поганат вашите трпези на љубовта, јадејќи со вас без страв и напасувајќи се. Тие се безводни облаци што ветровите ги пренесуваат, есенски неродни дрвја, двапати исушени и искорнати;

13. свирепи морски бранови, што како пена ги испуштаат своите срамни дела; ѕвезди лажни, за кои се чува мракот на темнината засекогаш.

14. А за овие пророкуваше и Енох, седмиот од Адам, зборувајќи: „Ете, доаѓа Господ со илјадници Свои свети ангели,

Прочитајте целосна глава Јуда 1