1. Од каде се војните и расправиите меѓу вас? Не оттаму ли – од вашите похоти, кои се борат во органите ваши?
2. Пожелувате и немате; убивате и завидувате, и не можете да добиете; се препирате и војувате, а немате, бидејќи не се молите.
3. Просите, а не добивате, зашто зло барате, за да го трошите во вашите похоти.
4. Прељубодејци и прељубодејки, не знаете ли дека пријателството со овој свет е непријателство на Бога? Зашто, кој сака да му е пријател на светот, му станува непријател на Бога.
5. Или, пак, мислите дека Писмото напразно зборува: „Со ревност го љуби духот што го вселил во нас.“
6. Но Тој дава поголема благодат; затоа е речено: „Бог се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.“
7. Па затоа, покорете Му се на Бога; а противете се на ѓаволот, и тој ќе побегне од вас.
8. Приближете се кон Бога, и Тој ќе се приближи кон вас; исчистете ги рацете, грешници, поправете ги срцата свои, непостојани!
9. Бидете нажалени и плачете и липајте: смевот ваш нека се претвори во плач, а радоста во тага!
10. Понизете се пред Господ и ќе ве подигне!
11. Не озборувајте се еден со друг, браќа: зашто, кој го озборува братот свој или го суди, тој го напаѓа Законот и го суди Законот. А ако, пак, го судиш Законот, тогаш ти не си извршител на Законот, туку судија.