поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5

Нов Завет

Јаков 4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Против неслогата

1. Од каде се војните и расправиите меѓу вас? Не оттаму ли – од вашите похоти, кои се борат во органите ваши?

2. Пожелувате и немате; убивате и завидувате, и не можете да добиете; се препирате и војувате, а немате, бидејќи не се молите.

3. Просите, а не добивате, зашто зло барате, за да го трошите во вашите по­хоти.

4. Прељубодејци и прељубодејки, не знаете ли дека пријателството со овој свет е непријателство на Бога? Зашто, кој сака да му е пријател на светот, му станува непријател на Бога.

5. Или, пак, мислите дека Писмото напразно зборува: „Со ревност го љуби духот што го вселил во нас.“

6. Но Тој дава поголема благодат; за­тоа е речено: „Бог се противи на горде­ли­вите, а на понизните им дава благодат.“

7. Па затоа, покорете Му се на Бога; а противете се на ѓаволот, и тој ќе побегне од вас.

8. Приближете се кон Бога, и Тој ќе се приближи кон вас; исчистете ги рацете, грешници, поправете ги срцата свои, непостојани!

9. Бидете нажалени и плачете и липај­те: смевот ваш нека се претвори во плач, а радоста во тага!

10. Понизете се пред Господ и ќе ве по­дигне!

Кој си ти да го судиш ближниот?

11. Не озборувајте се еден со друг, браќа: зашто, кој го озборува братот свој или го суди, тој го напаѓа Законот и го суди Законот. А ако, пак, го судиш Законот, тогаш ти не си извршител на Законот, туку судија.

12. Еден е Законодавецот и Судијата, Кој може да спаси и погуби: а ти, кој си што осудуваш друг?

Лоша самодоверба

13. Слушајте сега вие, кои велите: „Денес или утре ќе тргнеме во оној град и таму ќе останеме една година, ќе тр­гуваме и ќе спечалиме“,

14. вие, кои не знаете што ќе стане ут­ре. Што е вашиот живот? Тој е пареа, која се појавува за кратко време, па ис­чезнува.

15. Место да велите: „Ако сака Господ да бидеме живи, ќе направиме тоа и тоа.“

16. А сега се фалите со својата гордост. Секоја таква фалба е зла.

17. И така, грев е за оној кој знае да прави добро, а не го прави.