Нов Завет

Јаков 3:2-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

2. Сите ние многу грешиме. Но оној, кој во зборови не греши, тој е совршен човек, силен да го заузда и целото тело.

3. Ете, ако и ние на коњите им ставиме узда на устите, за да ни се покоруваат, тогаш управуваме со целото нивно тело.

4. Па, ете, и корабите: иако се толку многу големи и силно гонети од бурни ветрови, со мало кормило се управуваат онаму каде што кормиларот сака;

5. а така и јазикот е мал орган, но го­леми работи зборува. Ете, мал оган, а колку голема гора запалува;

6. и јазикот е оган, свет полн со неп­равда; јазикот се наоѓа во таква по­лож­ба меѓу нашите органи, што го осквернува целото тело и го пали времето на нашиот живот, воспалувајќи се сам од пеколот.

7. Секаков вид ѕверови и птици, лазачи и риби, се скротува и се припитомува од човечкиот род,

8. а јазикот никој не може да го скро­ти: тој е немирно зло и полн со смрто­носен отров.

9. Со него Го благословуваме Бога и Отецот, со него ги колнеме луѓето создадени според подобието Божјо.

10. Од истата уста излегува и благослов и клетва. Не треба, браќа мои, тоа така да биде.

11. А тече ли од еден ист извор слатка и горчлива вода?

12. Може ли, браќа мои, смоквата да раѓа маслинки, или лозата смокви? Та­ка, од еден ист извор не може да тече солена и слатка вода.

13. Кој е меѓу вас мудар и умен, нека ги покаже преку своето добро однесување делата свои во кротост и мудрост.

14. Но, ако во срцата свои имате гор­члива завист и карање, не фалете се и не лажете против вистината:

Прочитајте целосна глава Јаков 3