поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5

Нов Завет

Јаков 3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Внимавај на јазикот

1. Не барајте, браќа мои, мнозина да станете учители, зашто знаете дека поголемо осудување ќе добиеме.

2. Сите ние многу грешиме. Но оној, кој во зборови не греши, тој е совршен човек, силен да го заузда и целото тело.

3. Ете, ако и ние на коњите им ставиме узда на устите, за да ни се покоруваат, тогаш управуваме со целото нивно тело.

4. Па, ете, и корабите: иако се толку многу големи и силно гонети од бурни ветрови, со мало кормило се управуваат онаму каде што кормиларот сака;

5. а така и јазикот е мал орган, но го­леми работи зборува. Ете, мал оган, а колку голема гора запалува;

6. и јазикот е оган, свет полн со неп­равда; јазикот се наоѓа во таква по­лож­ба меѓу нашите органи, што го осквернува целото тело и го пали времето на нашиот живот, воспалувајќи се сам од пеколот.

7. Секаков вид ѕверови и птици, лазачи и риби, се скротува и се припитомува од човечкиот род,

8. а јазикот никој не може да го скро­ти: тој е немирно зло и полн со смрто­носен отров.

9. Со него Го благословуваме Бога и Отецот, со него ги колнеме луѓето создадени според подобието Божјо.

10. Од истата уста излегува и благослов и клетва. Не треба, браќа мои, тоа така да биде.

11. А тече ли од еден ист извор слатка и горчлива вода?

12. Може ли, браќа мои, смоквата да раѓа маслинки, или лозата смокви? Та­ка, од еден ист извор не може да тече солена и слатка вода.

Мудроста озгора и земната мудрост

13. Кој е меѓу вас мудар и умен, нека ги покаже преку своето добро однесување делата свои во кротост и мудрост.

14. Но, ако во срцата свои имате гор­члива завист и карање, не фалете се и не лажете против вистината:

15. тоа не е мудрост која доаѓа озгора, туку земна, душевна, бесовска;

16. зашто, каде што има завист и карање, таму има неслога и сѐ е лошо.

17. А мудроста, што иде озгора, е најнапред чиста, а потоа мирна, кротка, покорна, полна со милост и добри пло­дови, непристрасна и нелицемерна.

18. Плодот, пак, на правдата во мир се сее од миротворците.