Нов Завет

Филипјаните 2:11-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

11. и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ, за слава на Бог Отецот.

12. Затоа, возљубени мои, како што се­когаш ме слушавте, не само во мое при­суство, туку многу повеќе сега, кога сум отсутен, со страв и трепет градете го своето спасение,

13. зашто Бог е Оној Кој во вас прави да сакате и да дејствувате според Не­го­вата добра волја.

14. Правете сѐ без мрморење и дво­уме­ње,

15. за да бидете прави и чисти, не­по­роч­ни чеда Божји, сред изопачено и развратно поколение, во кое светите како светила во светот,

16. држејќи се за словото на животот, за моја гордост во денот Христов, дека не трчав напразно и не се трудев на­празно.

17. Но, иако се излевам како жртва ле­аница и за служба на вашата вера, се ра­дувам сам и се радувам со сите вас.

18. Така исто радувајте се и вие и за­радувајте ме!

19. А се надевам во Господа Исуса дека наскоро кај вас ќе го пратам Тимотеј, та и јас, откако ќе разберам како сте, да се утешам со духот.

20. Всушност, немам ниту еден исто­мисленик, кој толку искрено би се гри­жел за вас.

21. Зашто сите си го бараат своето, а не она на Исус Христос;

22. а неговата опитност е позната; тој, како син на татко, слугуваше заедно со мене при благовестувањето.

23. Него, пак, се надевам дека ќе го ис­пратам веднаш, штом ќе дознаам што ќе стане со мене;

24. а се надевам во Господа дека и сам скоро ќе дојдам кај вас.

25. Сметам дека е потребно кај вас да го испратам братот Епафродит, мој сотрудник и соборец во војувањето, а ваш пратеник и помагач во потребите мои,

Прочитајте целосна глава Филипјаните 2