5. Зашто кому од ангелите Бог некогаш му рекол: „Ти си Син Мој, Јас Те родив денес“, или пак: „Јас ќе Му бидам Татко, а Тој ќе ми биде Син?“
6. Исто така, кога Го воведе Првородениот во вселената, рече: „Нека Му се поклонат сите ангели Божји!“
7. За ангелите, пак, речено е: „Ти ги правиш ангелите Свои ветрови, а служителите Свои огнен пламен“,
8. а за Синот: „Твојот престол, Боже, е вечен и жезолот на правдата е жезол на царството Твое.
9. Тебе Ти омиле правдата, а го намрази беззаконието; затоа, Боже, Твојот Бог Те помаза со масло на радоста повеќе од Твоите придружници.“
10. И пак: „Во почетокот Ти, Господи, си ја основал Земјата, а и небесата се дело на Твоите раце;
11. тие ќе загинат, Ти остануваш; сите ќе изветвеат како облека;
12. ќе ги свиткаш како наметка, како облекло, и тие ќе бидат променети; но Ти си секогаш истиот, и Твоите години нема да се свршат.“