поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13

Нов Завет

Евреите 1 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Бог ни се објавува преку Синот

1. Бог, Кој во старо време, откако мно­гупати и на многу начини им зборуваше на нашите предци преку пророците,

2. во последниве денови ни зборува преку Синот, Кого Го постави за нас­ледник над сѐ, преку Кого ги создаде и вековите.

3. Тој е одблесок на Божјата слава и отпечаток на Неговата суштина и држи сѐ со Својот моќен збор. Откако преку Себе ги очисти нашите гревови, седна од десната страна на престолот на Се­виш­ниот во висините.

Величието на Божјиот Син

4. И стана толку повозвишен од ан­ге­лите, колку што е пославно името што го наследи, во споредба со нивното.

5. Зашто кому од ангелите Бог некогаш му рекол: „Ти си Син Мој, Јас Те родив денес“, или пак: „Јас ќе Му бидам Татко, а Тој ќе ми биде Син?“

6. Исто така, кога Го воведе Пр­во­ро­де­ниот во вселената, рече: „Нека Му се поклонат сите ангели Божји!“

7. За ангелите, пак, речено е: „Ти ги правиш ангелите Свои ветрови, а слу­жителите Свои огнен пламен“,

8. а за Синот: „Твојот престол, Боже, е вечен и жезолот на правдата е жезол на царството Твое.

9. Тебе Ти омиле правдата, а го намра­зи беззаконието; затоа, Боже, Твојот Бог Те помаза со масло на радоста пове­ќе од Твоите придружници.“

10. И пак: „Во почетокот Ти, Господи, си ја основал Земјата, а и небесата се дело на Твоите раце;

11. тие ќе загинат, Ти остануваш; сите ќе изветвеат како облека;

12. ќе ги свиткаш како наметка, како облекло, и тие ќе бидат променети; но Ти си секогаш истиот, и Твоите години нема да се свршат.“

13. А на кого од ангелите Бог некогаш му рекол: „Седи од Мојата десна страна додека непријателите Твои не ги пос­та­вам за подножје на нозете Твои?“

14. Нели се тие сите служителски ду­хови, испратени да им служат на оние што ќе го наследат спасението?