Нов Завет

Ефесјаните 5:22-29 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

22. Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како на Господ,

23. зашто мажот е глава на жената, како што е и Христос глава на Црквата, и Тој е Спасител на телото.

24. Па, како што Црквата Му се покорува на Христос, така и жените да им се покоруваат на своите мажи во сѐ.

25. Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што Христос ја засака Црк­вата и се предаде Себе за неа,

26. за да ја освети, очистувајќи ја со водна бања преку словото;

27. та да ја претстави пред Себе како славна Црква, која нема осквернување, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочна.

28. И така, мажите се должни да ги сакаат жените свои како што ги сакаат своите тела; зашто, кој ја сака жената своја, тој се сака и самиот себеси.

29. Зашто никој никогаш не го намра­зил телото свое, туку го храни и го стоп­лува, како и Господ Црквата,

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 5