Нов Завет

Ефесјаните 3:12-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

12. во Кого, преку верата во Него, има­ме слобода да се доближуваме со доверба.

13. Поради тоа, ве молам, не паѓајте со духот пред моите маки заради вас, кои се ваша слава.

14. Затоа ги преклонувам колената свои пред Отецот на нашиот Господ Исус Христос,

15. од Кого се именува секој род на небесата и на земјата,

16. да ви даде, по богатството на Својата слава, сила да се утврдите пре­ку Неговиот Дух во внатрешниот чо­век,

17. и преку верата Христос да се всели во срцата ваши,

18. та вкоренети и утврдени во љубовта да можете да разбирате со сите светии што е ширина и должина, што е дла­бо­чина и височина,

19. и да ја осознаете Христовата љубов што го надминува секое знаење, за да се исполните со сета полнота Божја.

20. А на Оној Кој, според силата што во нас дејствува, може да изврши изобилно сѐ што ќе побараме или помислиме,

21. Нему нека е слава во Црквата пре­ку Исус Христос во сите родови и за си­те векови. Амин!

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 3