21. туку се прости со нив и рече: „Бездруго празникот што иде треба да го поминам во Ерусалим. Ако даде Бог, пак ќе дојдам кај вас.“ И отплови од Ефес. И Акила и Прискила останаа таму.
22. Кога слезе во Кесарија, отиде во Ерусалим да ја поздрави црквата и потоа замина за Антиохија.
23. Откако престојуваше таму некое време, тргна на пат и ги обиколи по ред пределите на Галатија и Фригија и ги утврдуваше сите ученици.
24. И дојде во Ефес некој си Јудеец, по име Аполос, родум од Александрија. Тој беше красноречив човек, упатен во Писмата.
25. Беше поучен во патот Господов и со распламнат дух, зборуваше и поучуваше правилно за Господ, иако знаеше само за Јовановото крштение.
26. Тој почна да зборува смело во синагогата. Кога го слушнаа Акила и Прискила, го примија кај нив и му го изложија патот Господов поточно.
27. А кога тој сакаше да замине за Ахаја, браќата се обратија со писмо до тамошните ученици, за да го примат; и тој кога стигна таму, многу им помогна на верниците преку благодатта,
28. бидејќи силно ги побиваше Јудејците пред целиот народ, докажувајќи преку Писмата дека Исус е Христос.