15. но, штом е препирката за учење и за имиња, и за вашиот Закон, разгледајте сами, зашто јас не сакам да бидам судија во тие работи.“
16. И ги истера од судот.
17. Тогаш сите Елини го фатија Состен, началникот на синагогата, и го биеја пред судот, а Галион и не обрнуваше внимание на тоа.
18. Откако помина таму уште многу време, Павле се прости со браќата и отплови за Сирија заедно со Акила и Прискила, откако ја острига главата во Кенхреја, бидејќи беше дал завет.
19. Кога пристигна во Ефес, ги остави нив таму, а сам тој влезе во синагогата да расправа со Јудејците.
20. А кога тие го замолија да остане кај нив подолго време, тој не се согласи,
21. туку се прости со нив и рече: „Бездруго празникот што иде треба да го поминам во Ерусалим. Ако даде Бог, пак ќе дојдам кај вас.“ И отплови од Ефес. И Акила и Прискила останаа таму.
22. Кога слезе во Кесарија, отиде во Ерусалим да ја поздрави црквата и потоа замина за Антиохија.
23. Откако престојуваше таму некое време, тргна на пат и ги обиколи по ред пределите на Галатија и Фригија и ги утврдуваше сите ученици.