Нов Завет

Дела 18:10-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

10. зашто Јас сум со тебе, и никој не ќе посегне да ти направи зло, бидејќи имам многу народ во овој град.“

11. Тој остана таму една година и шест месеци и ги поучуваше во словото Божјо.

12. А кога Галион беше намесник во Ахаја, Јудејците еднодушно го нападнаа Павле и го одведоа на суд,

13. велејќи: тој ги учи луѓето да Го почитуваат Бога спротивно на Законот.

14. И кога Павле сакаше да одговори, Галион им рече на Јудејците: „Јудејци, ако имаше некоја неправда или зло дело, лукаво, веднаш ќе ве ислушав по должност;

15. но, штом е препирката за учење и за имиња, и за вашиот Закон, разгледај­те сами, зашто јас не сакам да бидам су­дија во тие работи.“

16. И ги истера од судот.

17. Тогаш сите Елини го фатија Сос­тен, началникот на синагогата, и го би­еја пред судот, а Галион и не обрнуваше внимание на тоа.

18. Откако помина таму уште многу време, Павле се прости со браќата и отплови за Сирија заедно со Акила и Прискила, откако ја острига главата во Кенхреја, бидејќи беше дал завет.

19. Кога пристигна во Ефес, ги остави нив таму, а сам тој влезе во синагогата да расправа со Јудејците.

20. А кога тие го замолија да остане кај нив подолго време, тој не се согласи,

21. туку се прости со нив и рече: „Бездруго празникот што иде треба да го поминам во Ерусалим. Ако даде Бог, пак ќе дојдам кај вас.“ И отплови од Ефес. И Акила и Прискила останаа та­му.

22. Кога слезе во Кесарија, отиде во Ерусалим да ја поздрави црквата и по­тоа замина за Антиохија.

23. Откако престојуваше таму некое време, тргна на пат и ги обиколи по ред пределите на Галатија и Фригија и ги утврдуваше сите ученици.

24. И дојде во Ефес некој си Јудеец, по име Аполос, родум од Александрија. Тој беше красноречив човек, упатен во Писмата.

Прочитајте целосна глава Дела 18