8. Па, како што Јаниј и Јамвриј му се противеа на Мојсеј, така и тие ѝ се противат на вистината, бидејќи се луѓе со изопачен ум, отпаднати од верата.
9. Но нема да успеат повеќе, зашто безумието нивно ќе им стане јасно на сите, како што се случи и со оние двајца.
10. Ти го следеше моето учење, поведение, целта, верата на мојата великодушност, љубовта, трпеливоста,
11. на моите прогони и страдања, што ми се случија во Антиохија, и во Иконија, и во Листра, какви прогони претрпев; и од сѐ Господ ме избави.
12. А и сите, што сакаат да живеат побожно во Христос Исус ќе бидат гонети.
13. А лошите луѓе и лажливците ќе напредуваат во злото, како заблудувачи и заблудени.
14. Но ти остани во тоа што си го научил и што ти е поверено, знаејќи од кого си го научил,