Нов Завет

2 Тимотеј 2:9-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

9. поради кое страдам дури до окови, како злосторник. Но словото Божјо не може да се стави во окови.

10. Затоа сѐ трпам заради избраните, за да добијат и тие спасение во Христос Исус со вечна слава.

11. Верни се зборовите: Ако со Него сме умреле, со Него и ќе живееме.

12. Ако истраеме, со Него и ќе царува­ме. А ако се одречеме од Него, и Тој ќе се одрече од нас.

13. Ако не сме верни, Тој останува ве­рен, бидејќи Сам Себе не може да се од­рече.

14. Ова напомнувај го заколнувајќи се пред Господ за да не се препираат, заш­то препирките ништо не помагаат, а са­мо им штетат на оние што слушаат.

15. Погрижи се пред Бога да се дока­жеш како работник кој нема од што да се срами кога верно го проповеда словото на вистината.

16. А од непристојни и празни зборови бегај, зашто тие ги водат луѓето уште повеќе кон безбожност.

17. И словото нивно ќе се пренесува како жива рана. Такви се Именеј и Фи­лит,

18. кои застранија од вистината, гово­рејќи дека воскресението веќе се збид­на­ло, и со тоа им попречуваат во верата на некои.

19. Но Божјата цврста основа стои непоколебливо, имајќи го овој печат: „Ги познава Господ оние кои се Негови“ и „Да отстапи од неправда секој што го изговара името Господово!“

20. Во голем дом има не само златни и сребрени садови, туку и дрвени и глинени; и едните се за почесна употреба, а другите за нечесна.

Прочитајте целосна глава 2 Тимотеј 2