11. Верни се зборовите: Ако со Него сме умреле, со Него и ќе живееме.
12. Ако истраеме, со Него и ќе царуваме. А ако се одречеме од Него, и Тој ќе се одрече од нас.
13. Ако не сме верни, Тој останува верен, бидејќи Сам Себе не може да се одрече.
14. Ова напомнувај го заколнувајќи се пред Господ за да не се препираат, зашто препирките ништо не помагаат, а само им штетат на оние што слушаат.
15. Погрижи се пред Бога да се докажеш како работник кој нема од што да се срами кога верно го проповеда словото на вистината.
16. А од непристојни и празни зборови бегај, зашто тие ги водат луѓето уште повеќе кон безбожност.
17. И словото нивно ќе се пренесува како жива рана. Такви се Именеј и Филит,
18. кои застранија од вистината, говорејќи дека воскресението веќе се збиднало, и со тоа им попречуваат во верата на некои.
19. Но Божјата цврста основа стои непоколебливо, имајќи го овој печат: „Ги познава Господ оние кои се Негови“ и „Да отстапи од неправда секој што го изговара името Господово!“
20. Во голем дом има не само златни и сребрени садови, туку и дрвени и глинени; и едните се за почесна употреба, а другите за нечесна.
21. И така, ако некој се очисти од тоа, тој ќе биде сад за почест, осветен, приспособен за употреба на господарот и приготвен за секое добро дело.
22. Одбегнувај ги, исто така, и младешките копнежи, и стреми се кон праведноста, верата, љубовта, мирот со оние што Го повикуваат Господа од чисто срце!
23. Глупави и празни расправии избегнувај, знај дека тие породуваат кавги!
24. А слугата Господов не треба да влегува во расправии; туку да биде кроток кон сите, способен да поучува и да поднесува зло,
25. со кротост да ги превоспитува противниците за да би можел Бог да им даде покајание, за да ја познаат вистината,