8. тогаш ќе се открие и беззаконикот, кого што Господ Исус ќе го убие со здивот на устата Своја и преку појавата на Своето доаѓање ќе го истреби.
9. Доаѓањето на тој беззаконик ќе биде по дејство на сатаната, со секаква сила и знаци и лажни чудеса,
10. и со секакво неправедно измамување меѓу оние кои загинуваат, затоа што не ја примиле љубовта на вистината та да би се спасиле.
11. И затоа Бог ќе им испрати сила на заблуда за да поверуваат на лагата,
12. та да бидат осудени сите кои не поверуваа во вистината, а ја засакаа неправдата.
13. Ние, пак, сме должни да Му благодариме на Бога за вас секогаш, возљубени од Господ браќа, затоа што од почетокот, преку осветувањето од Светиот Дух и преку верата во вистината, Бог ве избра за спасение,
14. кон кое ве повика преку нашето Евангелие за да ја придобиете славата на нашиот Господ Исус Христос.
15. И така, браќа, стојте и држете ги преданијата што ги научивте било преку нашето слово, било преку нашето послание.
16. А сам Господ наш, Исус Христос, и Бог и Отец наш, Кој нѐ возљуби и преку благодатта Своја ни даде вечна утеха и добра надеж,
17. нека ги утеши срцата ваши и да ве утврди во секое слово и добро дело!