Нов Завет

2 Петар 3:4-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

4. Ќе велат: „Каде е ветувањето на Не­говото доаѓање? Зашто, откако тат­ковците наши изумреа, сѐ си стои така како од создавањето на светот.“

5. Тие намерно забораваат дека небесата и земјата од порано беа создадени од вода и преку вода со силата на Божјото слово,

6. преку кое, тогашниот свет загина, потопен од вода.

7. А сегашните небеса и земјата, пазени од истото слово, се чуваат за оган во денот на судот и погибелта на нечестивите луѓе.

8. Но внимавајте, возљубени, да не го изумите само тоа дека за Господ еден ден е како илјада години, а илјада години – како еден ден.

9. Господ нема да задоцни со Своето ветување, како што некои мислат за бавењето; но долго време трпи, бидејќи не сака да загине некој, туку сите да се покаат.

10. И ќе дојде денот Господов, како крадец во ноќно време; тогаш небесата со голема бучава ќе ги снема, и стихии­те ќе пламнат и ќе се разрушат, а земја­та, и сѐ што е на неа, ќе изгори.

11. И така, бидејќи сето тоа ќе се раз­руши, каков треба да ви биде вашиот свет живот и побожноста ваша,

12. додека го очекувате и посакувате скорото доаѓање на Божјиот ден, во кој небесата ќе се разрушат и основите во оган ќе се стопат?

13. Но ние, според Неговото ветување, очекуваме ново небо и нова земја, на кои ќе се всели правда.

14. Затоа, возљубени, додека го очекувате тоа, погрижете се пред Него да из­лезете спокојни, неосквернети и не­по­рочни;

Прочитајте целосна глава 2 Петар 3