поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3

Нов Завет

2 Петар 3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Ветување за повторно Христово доаѓање

1. Еве, возљубени, како веќе ви го пи­шувам второто послание во кое со напомнување ви го разбудувам вашиот чист разум

2. за да се потсетите на зборовите, по­рано кажани од светите пророци, и на заповедта од Господ и Спасителот, дадени преку вашите апостоли.

3. Најнапред знајте го тоа дека во пос­ледните дни ќе се јават подигрувачи, кои ќе се подбиваат и ќе живеат според своите похоти.

4. Ќе велат: „Каде е ветувањето на Не­говото доаѓање? Зашто, откако тат­ковците наши изумреа, сѐ си стои така како од создавањето на светот.“

5. Тие намерно забораваат дека небесата и земјата од порано беа создадени од вода и преку вода со силата на Божјото слово,

6. преку кое, тогашниот свет загина, потопен од вода.

7. А сегашните небеса и земјата, пазени од истото слово, се чуваат за оган во денот на судот и погибелта на нечестивите луѓе.

8. Но внимавајте, возљубени, да не го изумите само тоа дека за Господ еден ден е како илјада години, а илјада години – како еден ден.

9. Господ нема да задоцни со Своето ветување, како што некои мислат за бавењето; но долго време трпи, бидејќи не сака да загине некој, туку сите да се покаат.

10. И ќе дојде денот Господов, како крадец во ноќно време; тогаш небесата со голема бучава ќе ги снема, и стихии­те ќе пламнат и ќе се разрушат, а земја­та, и сѐ што е на неа, ќе изгори.

11. И така, бидејќи сето тоа ќе се раз­руши, каков треба да ви биде вашиот свет живот и побожноста ваша,

12. додека го очекувате и посакувате скорото доаѓање на Божјиот ден, во кој небесата ќе се разрушат и основите во оган ќе се стопат?

13. Но ние, според Неговото ветување, очекуваме ново небо и нова земја, на кои ќе се всели правда.

Поттикнување на будност

14. Затоа, возљубени, додека го очекувате тоа, погрижете се пред Него да из­лезете спокојни, неосквернети и не­по­рочни;

15. и долготрпеливоста на вашиот Гос­под сметајте ја како спасение – како што ви напиша и возљубениот наш брат Павле, според дадената му мудрост;

16. како што зборува за тоа и во сите свои посланија, во кои има некои работи тешки за разбирање, што неучените и неутврдените ги изопачуваат, како и другите Писма, за своја погибел.

17. А вие, возљубени, знаејќи го ова однапред, пазете се од измамата на беззакониците за да не бидете одведени со нив, и да не отпаднете од својата утврденост,

18. туку да напредувате во благодатта и во познанието на нашиот Господ и Спа­сител Исус Христос. Нему слава и сега и за вечни времиња. Амин!